Евидентни реформи на Министерството за правда согласно барањата на ЕУ и НАТО  
     
 

02.03.2018

 
 

Во дводневна посета на нашата земја се наоѓаат високите  претставници на НАТО и ЕК, помошник генерален секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика – PASP Александро Алваргонзалес ,  заменик генералниот директор за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија, Мачеј Поповски и г. Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската унија

 

Реформските процеси кои ги спроведува  актуелната влада за интеграција на Република Македонија во Алијансата и започнувањето на преговорите со ЕУ, се тема на разговорите со највисоките државни  претставници во  Македонија. Во овој контекст, дел од агендата на високите меѓународни  претставници  беше  и средбата  со Министерот за правда на РМ, Билен Салији, како еден од најчувствителните ресори  и со одлучувачка улога во овие процеси.

 

За време на состанокот со високите  претставници на НАТО и на Европската комисија, министерот  Салији ги  претстави  дел  од  реформите и иницијативи на Министерството за правда со кои се придонесува  за овој важен процес за земјата и за нејзините евроатлантски аспирации.

 

Првично министерот  Салији, им се заблагодари на високите  Европски претставници  за нивната поддршка и рече дека е подготвен во име на институцијата што ја предводи да се исполнат барањата на ЕУ за создавање на еден правен  систем во согласност со европските стандарди. Тој, исто така, во некои  точки ги наведе конкретните иницијативи на Министерството за правда во овој поглед.

 

 Средбата што се одржа денеска во Министерството за внатрешни работи во Скопје, со претставниците и на овој оддел,  се одржа во духот на соработката  и подготвеноста за да се придонесе во конкретен  и  непосреден начин кон  целиот процес на членство во НАТО и ЕУ.

 

Министерот Салији, исто така накратко ги наведе конкретните иницијативи на Министерството за правда во оваа насока, каде меѓу другото истакна дека,  една од клучните реформи во изминатиот период е Стратегијата за реформа на секторот за правосудство со Акциониот план 2017-2022, кој вклучува мерки и активности за воспоставување на независен, доверлив и професионален судски систем во Република Македонија. Исто така, беше усвоен и Законот за престанок на важењето на Законот за советот за утврдување на фактите и поведување на постапка за утврдување дисциплинска одговорност за судија.

 

Како други важни точки,  Министерот за правда, Билен Салији, ги истакна и Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, изготвувањето  на Предлог-законот  за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоците; завршен е првиот дел од надзорот врз  функционирањето на ACMIS системот во Основниот суд Скопје 1 Скопје, Апелациониот суд Скопје и Врховниот суд на Република Македонија, каде беше  изготвен и извештај со дефинитивни заклучоци за можни злоупотреби; донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на укажувачите, во согласност со препораките на Венецијанската комисија; во процес на одобрување се наоѓа и  Предлог-законот за бесплатна правна помош, кој овозможи и го унапреди правото на поединците да имаат пристап до правда и фер судска заштита, обезбедувајќи  финансиска поддршка  од државата; воедно, беше усвоена и  Стратегијата за информатичка и комуникациска технологија во правосудството.

 

Министерот Салији, меѓу другото, рече дека " Во завршна фаза се измените од областа на кривичното законодавство, измените на Кривичниот законик покриваат неколку клучни области, од кои најважни се: криминал од омраза, неказнување на жртвите, воведување на ново кривично дело "кршење на правдата", одредување на нови одредби за утврдување казни, и итн“.

 

Исто така, министерот Салији, ги информираше присутните дека во собраниска процедура се наоѓаат и измените на Законот за кривична постапка, со кои се уредуваат посебните истражни мерки во согласност со препораките дадени во извештаите на Прибе.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk