Реформите на Министерството за правда согласно планот 3-6-9  
     
 

07.03.2018

 
 

Денеска во просториите на Владата на Република Македонија се оствари средба меѓу амбасадорите на ЕУ и високите претставници на Владата на Република Македонија.

Динамиката на активностите предвидени во планот 3-6-9 беше централната тема на дискусиите на учесниците. Дел од панел дискусијата беше и министерот за правда, Билен Салији, како раководител на една од најчувствителните владини институции и на важните процеси за евро - интеграцијата на земјата. Во својот говор, министерот Салији, меѓу другото, изјави дека: „Една од клучните реформи на која посветено работевме изминатиот период е Стратегијата за реформа на правосудниот сектор со Акциски план за 2017-2022, во која се инкорпорирани мерки и активности за воспоставување на независен, кредибилен и професионален правосуден систем во Република Македонија. Стратегијата, како сеопфатен и детален документ, преставува патоказ по кој ќе се движат реформите во правосудниот сектор.

Принципите на кои се заснова Стратегијата, се независност и непристрасност, особено по однос на изборот, оценувањето и разрешувањето на судиите и јавните обвинители, врз основа на објективни и мерливи критериуми, самостоен и одржлив судски буџет, подобрување на условите за работа на судиите и судските службеници, елиминација на можноста за злоупотреба при електронската распределба на судски предмети".

Тој, исто така ја изрази својата решителност  да се продолжи  со работата  во согласност со препораките на Европската комисија, Венецијанската комисијата и ГРЕКО, како и на препораките на Групата на високи експерти за владеењето на правото.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk