Доделување на првите лиценци за обучувачи на медијатори  
     
 

06.03.2018

 
 

Денес, во просториите на Министерството за Правда на Република Македонија, Претседателот на Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата,Проф.Д-р Марко Андонов, ги додели првите лиценци за обучувачи на медијатори на Роза Алексова, Јелисавета Георгиева Јовевска, Зоран Вучев, Илија Манасиев и Славе Младеновски.

Во нашиот правен систем постои законска регулатива која ја препознава медијацијата како начин на решавање на споровите надвор од судовите.


Улогата на обучувачите е според акредитирани програми да ги спроведуваат обуките за сите оние кандидати кои сметаат дека поседуваат лични особености и карактеристики да се занимаваат со вршење медијаторски работи. Обучувачите се пред предизвикот за кандидатите кои ќе ги проследуваат обуките за медијатори, да обезбедат   креирање на личноста на медијаторот како непристрасна и неутрална личност што ќе поседува комуникациски вештини и техники преку кои ќе  ги поттикне страните во спор по пат на преговори да го препознаат заемниот интерес за спогодбено  решавање на спорот. 

Улогата на медијаторот е да им помогне на спротивставените страни во спор да дојдат до компромисно решение што ќе ги содржи нивните заеднички интереси, потребите и нивните права. 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk