Средба на министерот Михајло Маневски со омбудсманот на Арагон-Шпанија, г.Фернандо Виценте  
     
 

12.11.2007

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски денеска го прими омбудсманот на Арагон –Шпанија  г. Фернандо Виценте во придружба на амбасадорот на Шпанија во Република Македонија  г.Хозе Мануел Паз Агуерас.

На средбата на која присуствуваше и Народниот правобранител на Република Македонија  Иџет Мемети,  се разговараше за  искуствата на двете земји на планот на почитување на човековите слободи и права.

Министерот за правда Михајло Маневски рече дека Република Македонија следејќи ги примерите на Европските земји , со измените на Уставот на Република Македонија на  народниот правобранител  му се дадени поголеми ингеренции.

Омбудсманот на Арагон –Шпанија  г. Фернандо Виценте наглси дека омбудсманот во Шпанија ужива голем углед и респект како кај јавноста така и кај извршната власт.Значаен сегмент од нашето работење нагласи г.Виценте е транспарентноста која се постигнува меѓу другото и со јавно објавување на сите решенија на омбудсманот.

Народниот правобранител Иџет Мемети ја потенцираше поддршката што претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски ја дава на работата на народниот правобранител преку почитување на  неговите одлуки и соработката со сите органи.

Заедничка беше констатацијата за неопходноста од продолжување на соработката помеѓу двете земји на полето на почитување на човековите слободи и права.

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk