Средба Министер Маневски со Главниот Државен обвинител на Хрватска Младен Бајиќ и делегација од јавното обвинителство на Хрватска  
     
 

13.11.2007

 
 

Министерот Маневски одржа средба со Главниот Државен обвинител на Хрватска Младен Бајиќ и делегација од јавното обвинителство на Хрватска претставена од Драган Новосел, заменик на Главниот државен обвинител и Јосип Чуле заменик на Главниот државен обвинител и Претседател на советот на јавни обвинители на Хрватска. На состанокот пресуствуваше и Јавниот обвинител на РМ Љупчо Шврговски.

На состанокот се разменаа искуства за реформите во правосудството во двете земји во насока на постигнување на ефикасни и независни судски системи и процесите за европска интеграција. Состанокот се фокусираше на размена на мислења за реформите во казненото законодавство и улогата на јавните обвинители. Главниот Државен обвинител на Хрватска Младен Бајиќ го информираше Министерот Маневски дека целта на посетата е потпишување на Меморандум за соработка помеѓу обвинителствата на РМ и Република Хрватска со што значително ќе се подобри комуникацијата и притоа ќе се забрзаат постапките што ќе придонесе кон поголема ефикасност во соработката во борбата против организираниот криминал. Министерот Маневски ја поздрави иницијативата и потврди дека Република Македонија стои на располагање за сите иницијативи на регионална и билатерална соработка насочени кон подобрување на работата на правосудството.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk