Свечено примопредавање на ИТ - опрема, донација на Агенцијата на САД за меѓународен развој – USAID  
     
 

14.11.2007

 
 

 Денеска во просториите на ИТ – центарот на Министерството за правда беше извршено свечено  примопредавање на ИТ - опрема (анти - вирусна и Firewall заштита) донација од USAID  Агенција на САД за меѓународен развој, наменета за потребите  на Министерството за правда.

Примопредавањето беше извршено од страна на директорот на USAID  г-ѓа  Патриша Рајдер и министерот за правда г-дин Михајло Маневски.

Министерот Маневски изрази благодарност кон USAID за досегашната соработка во спроведувањето на реформите во правосудството и посебно го истакна успешното спроведување на Меморандумот  за соработка  помеѓу Министерството за правда и Мисијата на USAID и World Learning за подобрување на перформансите и институционалните и човечки капацитети на Министерството за правда.

Во рамките на овој проект е и денешното примопредавање на ИТ - опремата која е во насока на подобрување на институционалните и човечките капацитети на  министерството .

Директорот на USAID, г-ѓа  Патриша Рајдер  се осврна на проектот како можност за подобрување на комуникацијата и зголемување на ефикасноста на правосудните институции во Република Македонија и истакна дека донирањето на опремата е во насока на реализација на проектните активности поврзани со реформите во правосудството.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk