Средба на министерот за правда, Михајло Маневски со г.ѓа Хонг Веј Гао, шеф на мисијата на УНИЦЕФ во Скопје  
     
 

14.11.2007

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски денеска се сретна со шефот на мисијата на УНИЦЕФ во Скопје  г.ѓа Хог Веј Гао.

Министерот Маневски ја информираше г.ѓа Хонг Веј Гао, дека донесувањето на Законот за малолетничка правда е значаен чекор во севкупната реформа на правниот систем на Република Македонија и до периодот на неговото влегување во сила потребно е да направиме значаен исчекор во спроведувањето на законот. Од тие причини, министерството за правда иницира изготвување на Програма за спроведување на Законот за малолетничка правда и истата е доставена до членовите на Работната група кои учествуваа во изготвување на законот.  Исто така, министерот за правда извести дека на последната конференција на министрите за правда што се одржа во Шпанија, Република Македонија ја потпиша Конвенцијата на Советот на Европа против сексуална злоупотреба и сексуална експолоатација на деца.

Г.ѓа Хон Веј Гао ја поздрави иницијативата на министерството за правда. Таа истакна дека програмата треба да ја содржи потребата од: донесувањето на подзаконските акти предвидени со законот, градење на инстуционалните и човечки капацитети и превенција на малолетничката деликвенција. Исто така, таа ја истакна потребата реформата на малолетничката правда да биде дел од севкупната реформа на судскиот систем во Република Македонија.

Воедно,  Г.ѓа Хон Веј Гао ја истакна заложбата на УНИЦЕФ за поддршка на министерството за правда на Република Македонија во процесот на спроведување на Законот за малолетничка правда. Исто така таа информира дека со претставниците на ЕАР во Скопје и Брисел остварила контакти од кои побарала реформата на малолетничката правда во Република Македонија да биде дел од ИПА програмата за 2008 година.

  Министерот за правда се заблагодари на досегашната соработка со УНИЦЕФ и  ја поддржа иницијативата на Г.ѓа Хон Веј Гао,  реформата на малолетничката правда во Република Македонија да биде дел од ИПА програмата за 2008 година.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk