Поставување на камен темелник на депо и магацински простор за управување со предмети одземени во судска постапка  
     
 

21.11.2007

 
 

Изградбата на Депото и магацинскиот простор се во функција на имплементација на Законот за управување со конфискуван имот и предмети одземени во кривичната и прекршочната постапка, кој се наоѓа во собраниска процедура.

Со изградбата на депото и магацинскиот простор ќе се обезбеди:

-         поголема контрола врз одземените предмети кои се сопственост на Република Македонија и управување со нив преку Дирекцијата која за таа цел ќе се основа согласно Законот

-         заштеда на буџетски средства во однос на чување и складирање на одземените предмети

-         поголема ефикасност и контрола во санкционирање на корпора деликти.

Изградбата опфаќа:

-         изградба на централен склад за запленети и одземени возила

-         изградба на магацинска хала од 2.000 квадратни метри за складирање на одземени предмети во судска, кривична и прекршочна постапка

-         опремување на површина од 12.000 квадратни метри плац каде што можат да бидат сместени 300 камиони и над 1000 патнички возила

Рокот за изградба на депото, магацинската хала и придружните објекти е декември 2007 година.

Инвеститор е Министерството за правда и средствата за изградба се обезбедени од буџетот на Република Македонија.



Според министерот Маневски со изградбата на овие магацински хали и депо се решава едно многу крупно прашање кое досега создаваше проблеми.Со изградбата се очекува надминување на овие проблеми и поголема ефиксност во следењето и управувањето со конфискуван имот.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk