Средба Маневски – Унгарски Амбасадор  
     
 

29.11.2007

 
 

Министерот Михајло Маневски денеска се сретна со новонаименуваниот амбасадор на Република Унгарија во Република Македонија  Н.Е. Г-дин Ференц Кекеши.

На средбата министерот Маневски го информираше амбасадорот Кекеши за активностите кои министерството за правда ги презема како дел од реформите во правосудството во насока на постигнување поефикасен и независен судски систем.   Беа разменети  мислења и за тековните процеси во Република Македонија кои се во рамки на евроинтегративните аспирации на државата.

 На состанокот се разговараше и за можностите за економска соработка помеѓу двете земји, како и за реформите во пенитенцијарниот систем.

Во таа насока беше спомената можноста за посета на Република Унгарија со цел остварување средби и размена на искуства во однос на затворскиот систем и стандардите кои овие институции треба да ги исполнат.

Амбасадорот Кекеши  се заблагодари на министерот Маневски за средбата и подвлече дека  ќе го информира  за можностите за реализација на посетата на Република Унгарија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk