Средба Маневски - претставници на Здружението за кривична правда и криминологија, ОБСЕ, ОПДАТ и Сорос  
     
 

30.11.2007

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски денеска оствари средба со претставници на Здружението за кривична правда и криминологија академик Владо  Камбовски и доцент д-р. Гордан Калајџиев и претставници на ОБСЕ г-дин. Бисон, претставници на ОПДАТ г-ѓа Ли и извршниот директор на Сорос г-дин.Владимир Милчин со цел координација на активностите за реализација на стратегијата на реформи во казненото законодавство.

На средбата беше потврдена силната заложба на Влада на Република Македонија и Министерството за правда за реализација на сеопфатна реформа во казнената материја и постигнување баланс помеѓу почитувањето на човековите права и обезбедувањето на ефикасен судски систем. Министерот ги информираше присутните за реализираните активности во рамките на Стратегијата за реформи на кривичното законодавство, како што е остварената студиска посета на Германија како и дека веќе се формирани  работни групи кои ќе започнат со работа по одделните области од кривичната материја.

На состанокот беше потврдена поддршката на донаторите за реализацијата на оваа реформска активност која е поставена високо на нивните програмски агенди, додека Министерството за правда и Здружението за кривична правда и криминологија како имплементатори на Стратегијата за реформи на кривичното законодавство потенцираа дека целта е реализација на квалитетен проект кој ќе биде во согласност со европските стандарди и ќе го подобри севкупниот систем на кривична правда во РМ.

На состанокот се разговараше и за Меморандумот за соработка склучен помеѓу Министерството за правда и Здружението за кривична правда и криминологија кој треба да биде  потпишан на 07.12.2007 година кога ќе биде направена и промоција на проектот за сите засегнати активности и ќе се пристапи кон одржување на работилниците и останатите проектни активности.

 

 

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk