Законот за бесплатна правна помош ќе обезбеди еднаков пристап до правдата  
     
 

30.11.2007

 
 

            Нашата определба за социјална правда и за еднаков пристап на сите до правдата е причина за донесувањето на овој закон, што е пропишано и во членот 9 од Уставот на Република Македонија, рече заменик министерот за правда Сашо Василевска на денешната јавна расправа по Предлогот за донесување на Закон за бесплатна правна помош.

Тој додаде дека без оглед на прокламираното право, факт е дека имотната состојба на граѓаните во голема мерка го ограничува користењето на ова со Устав загарантирано право.

           “За граѓаните начелото на еднаква можност не значи само гарантирање на исти права од областа на материјалното право, туку граѓанинот да биде во положба која ќе овозможи запознавање со неговите права и истите да може реално да ги оствари”, потенцира заменик министерот Василевски. Тој оцени дека со предложениот закон државата ќе ја симне “бариерата на трошоци” како пречка за остварување на одредени права.

Во расправата учествуваа претставници на основните судови од подрачјето на Апелацискиот суд Скопје, од невладини организации и Здруженијата на правници и на млади правници.

Претседателот на Основниот суд  Велес, Шефшет Адеми оцени дека се работи за извонредно добар предлог со кој Ќе се овозможи граЃаните навистина да имаат еднаков пристап до правдата.

Професорката од Правниот факултет  “Јусинијана прима”, Гордана Бужаровска оцени дека предлогот за донесување Закон за бесплатна правна помош е добар и значи имплементирање на европските тенденции во нашето законодавство. “Со ова, рече таа Ќе му се помогне на поширок круг на луѓе кои не се во состојба да го остварат своето право за пристап пред правдата”.

           Претставниците од невладиниот сектор оценија дека во Законот е потребно да се внесе одредба со која Ќе биде овозможено невладините организации да имаат право на давање на правни совети. Тие сметаат дека со тоа ќе може да продолжат во остварувањето на нивните задачи, особено со промената на начинот на нивно финансирање од страна на европските донатори во наредниот период.

Во предлогот за донесување на Законот за бесплатна правна помош се вградени препораките и Резолуциите на Советот на Европа од оваа област, а самиот предлог на закон е систематизиран во седум глави и содржи 41 член во кој е разработен системот на давање на бесплатна правна помош.

Денешната јавната расправа беше реализирана во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, а следуваат уште две на апелациските подрачја на Штип и Битола.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk