Фатен избеганиот затвореник од Идризово – Владета Милачиќ во притвор во Република Србија  
     
 

06.12.2007

 
 

Осуденото лице Владета Милачиќ кој се наоѓаше на издржување на казна затвор во Казнено поправната установа ,,Идризово,,-Скопје, осуден за кривични дела сторени на територијата на Република Македонија, за  кој беше распишана  и меѓународна потерница за сторено кривично дело убиство на 20-11-2007 година е лишен од слобода и му е одредена мерка притвор во Нови Сад, Република Србија.

 Мерката притвор во Република Србија му е изречена за повеќе кривични дела  ,,фалсификување и злоупотреба на кредитни картички,, сторени во Република Србија.

Министерството за правда ќе бара екстрадиција на црногорскиот државјанин Владета Милачиќ за сите сторени кривични дела.

Осуденото лице  Владета Милачиќ на 16-09-2007  година побегна од Казнено поправната установа ,,Идризово,,-Скопје. Во раните утрински часови симулирајќи самоповреда , инсценира бегство од амбулантното возило на автопатот кај Петровец на пат кон Клиничкиот центар, при што стражарите беа пресретнати и нападнати од маскирани лица, негови соучесници, кои заедно со осудениот избегаа во непознат правец.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk