Именувани 31 извршител  
     
 

12.05.2006

 
 

По објавениот Конкурс за именување извршители на подрачјата на основните судови во Скопје, Штип, Битола и Ресен, Прилеп, Куманово и Струмица објавен на 14 април 2006 година Министерот за правда согласно одредбите на Законот за извршување именуваше 31 извршител. 

На подрачјето на Скопје се предвидени 20 места за извршители, на конкурсот се пријавиле 23 кандидати, а се именувани 20 извршители колку што се предвидени. На подрачјето на Штип предвидени се четири места, се пријавил еден  кандидат, а е  именуван еден извршител,. На подрачјето на основните судови Битола и Ресен предвидени се пет места,  на конкурсот се пријавиле четворица кандидати, а се именувани 3. На подрачјето на основните судови Прилеп и Крушево предвидени се  4 места, на конкурсот се пријавиле тројца кандидати и се именувани тројца извршители,. На подрачјето на  основниот суд Куманово се предвидени четири места, на конкурсот се пријавиле двајца кандидати и се именувани двајца. На подрачјето на основните судови Струмица и Радовиш предвидени се четири места, на конкурсот се пријавиле двајца кандидати и се именувани двајца извршители. Согласно законските решенија на ниво на целата држава е предвидено да се именуваат 49 извршители. Во тек е вториот конкурс за именување извршители.

Со именувањето на 31 извршител е исполнет условот предвиден во Законот за извршување за формирање Комора на извршители, со кој се предвидува именување на 30 извршители за да може да се формира комората.

 

 

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk