Претставен проектот - Стратегијата за реформи во казнено-правниот систем и почитувањето на човековите права во Република Македонија  
     
 

07.12.2007

 
 

Стратегијата за реформи на во казнено-правниот систем   и Акциониот план за спроведување на Стратегијата кои како основни стратешки документи ги усвои Владата  на Република Македонија во јули 2007 година  денеска беа презентирани пред јавноста.

Како што нагласи министерот Михајло Маневски овој исклучително значаен проект кој  Министерството за правда го изработи во соработка со Здружението за кривично право и криминологија на Македонија, и во партнерски однос со СОРОС; ОПДАТ И ОБСЕ е во   функција на ефикасно спроведување на реформата на казнено-правниот систем.

На преставувањето на проектот беше потпишан и Меморандум за соработка на реформата на казненото право во Република Македонија.

Реформата на казненото право преставува приоритетна правна , политичка и општествена задача на Република Македонија и услов за интеграција во Еверопската Унија и НАТО .

 Овој проект, кој ќе се реализира околу една година, има четири формирани групи за различни области - за претходна постапка, за главен претрес, за истрага и за правни лекови. Се работи за исклучително комплексен проект кој ќе бара многу ангажирање и срества во имплементирањето на решенијата што треба да значат комплетна реформа на Законот за кривична постапка и Кривичниот законик, рече министерот за правда Михајло Маневски.

Тој додаде дека решенијата кои треба да бидат вградени во законите тргнуват од меѓународните конвенции, резолуците и конвенците на Советот на Европа.

Проектот предвидува многу поефикасна претходна постапка, односно примена на содветните истражни техники и мерки од страна на надлежните институции. Главната цел е да се обезбеди ефикасна заштита на правата и слободата на граѓаните, судење во разумен рок и гаранција на правата на одбраната, истакна министерот за правда Михајло  Маневски.

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk