Одбележан Меѓународниот ден на борбa против корупцијата  
     
 

09.12.2007

 
 

Денеска во просториите на Државната комисија за спречување на корупција беше одбележан  Меѓународниот ден на борбa против корупцијата со претставување на активностите  што  Република Македонија ги презема  на планот  на превенција и репресија на корупцијата.

По поздравното обраќање на претседателот на Државната комисија за спречување на корупција Мирјана Димовска која накратко ги презентираше активностите и достигнувањата на Комисијата и на Владатана овој план, на присутните им се обрати и Вице-премиерот на Владата, Габриела Коневска Трајковска, која се задржа на Извештајот на Европската Комисија.

Министерот за правда  Михајло Маневски  говореше за капацитетите на државата за спроведување на борбата со корупција. Притоа тој ја истакна политичката волја за сузбивање на корупцијата, која несомнено се изразува и во програмата за работа на Владата на Република Македонија , како и во Акциониот план, во кои Владата се определи за бескомпромисна борба, од која веќе се видливи и првите резултати.

Министерот Маневски ја истакна важноста на јакнењето на институционалните капацитети, за што Владата својата поддршка ја искажува преку обезбедување на средства и нови простории за Државната комисија за спречување на корупција,  а конкретни мерки и активности треба да се преземат и од Управата за јавни приходи , Царинската управа, Финансиската полиција, Дирекцијата за спречување на перење на пари, Јавното обвинителство.

 

            Третиот аспект кој го потенцираше министерот Маневски, а кој најмногу ја пресликува надлежноста на Министерството за правда, е легислативата. Направени се измени во основниот закон – Законот за спречување на корупција; донесени се Законот за спречување судир на интереси, Закнот за јавно обвинителство. Донесен етичкиот кодекс за работа на министрите, а во тек е изготвувањето на измените на Кривичниот законик и Законот за кривична постапка истакна министерот Маневски.

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk