Средба на министерoт за правда Михајло Маневски со Францускиот амбасадор Бернар Валеро и со Жан Мишел Калард, директорот на судските администратори  
     
 

12.12.2007

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски,денес се сретна со Францускиот амбасадор Бернар Валеро и со Жан Мишел Калард, директорот на судските администратори  на Основниот суд во Марсеј  во рамките на посета што ја оствари во Република Македонија.

На средбата  се дискутираше за значајни прашања  за спроведување на  судската реформа и соработката на полето на правдата помеѓу Р.Македонија и Р.Франција. Амбасадорот Валеро изрази задоволство, негово лично и од име на земјите на Европската унија  за добро спроведената реформа, а особено за започнувањето со работа на Управниот суд што претставува значаен напредок во судската реформа и процесот на евроинтеграција на Р.Македонија.

 На состанокот се разговараше и  за начините на  понатамошна соработка, со ставање акцент на работата на судската служба, за тековната работа на Академијата за обука на судии и јавни обвинители и за поддршката од г. Доминик Дуран, како резидентен експерт,потоа за претстојната Конференција на министрите за правда на франкофонските земји во областа на компјутеризација на судскиот систем.

 Министерот Маневски, откако информираше за натамошниот тек на интензивниот реформски процес, се заблагодари за големата поддршка, и изрази интерес за натамошна соработка, која би можела да се дефинира при претстојната посета на Р.Франција, што е закажана за 12-14 фебруари 2008 година во рамките на Министерската конференција , која ќе се одржи во Париз.

 На состанокот присуствуваше и резидентниот експерт г. Доминик Дуран и директорката на Академијата за Обука на судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска.

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk