Втор конкурс за извршители  
     
 

26.04.2006

 
 

Денеска, 26 Април 2006 година, е објавен вториот Конкурс за именување извршители на подрачјата на основните судови во Тетово, Кичево, Делчево-Берово, Виница-Кочани, Кавадарци-Неготино, Велес и Охрид-Струга-Дебар во дневните весници Дневник и Факти, а вчера во Службен весник на РМ.

Согласно Правилникот за определување на бројот на извршители на подрачјата на основните судови и утврдување на критериуми за бројот и распоредот на службените седишта на извршителите на подрачјето на Република Македонија, донесен на 02 Февруари 2006 година, на подрачјето на Тетово има пет места, на Кичево, Делчево-Берово, Велес и Виница-Кочани по две места, на подрачјето на Кавадарци-Неготино 3, а на подрачјето на судовите Охрид-Струга-Дебар шест места.

Како што е предвидено во Законот за извршување извршителите ги именува министерот за правда на Република Македонија од кандидатите кои го положиле испитотза извршители.

Вториот испит што беше завршен на 20-ти Април годинава го положија 23 кандидати. Во текот на првиот и вториот испит за извршители вкупно положиле 46 кандидати.

Инаку Законот за извршување беше донесен во Мај минатата, 2005 година, а ќе стапи на сила од први Јуни 2006 година со него се предвидува сосема нов начин на извршување на судските одлуки и се очекува да придонесе во нивното побрзо и поефикасно извршување.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk