Свечено отворен Апелациониот суд Гостивар  
     
 

17.12.2007

 
 

Денеска во новоизградените простории  во зградата на Основниот суд Гостивар свечено беше отворен и  започна со работа Апелациониот суд Гостивар.

Апелациониот суд Гостивар ќе одлучува по жалбите против одлуките на Основните судови  Тетово, Гостивар, Кичево и Дебар во кривичните,  граѓанските, стопанските, прекршочните, работните и друг вид предмети и ќе врши други работи определени со закон, кои до сега ги решаваше Апелациониот Суд Скопје.

Овој Апелационен суд кој  за прв пат се  отвора  во Гостивар е   суд со повисок ранг и е четврти Апелационен суд во Република Македонија, покрај постојните Апелациони судови во Скопје, Битола и Штип .

Министерот за правда Михајло Маневски во  свеченото обраќање нагласи дека  со основањето и  со започнувањето со  работа на новиот АПЕЛАЦИОНЕН СУД  ВО  ГОСТИВАР, УСПЕШНО  СЕ  РЕАЛИЗИРА УШТЕ ЕДНО МНОГУ ЗНАЧАЈНО  ПРАШАЊЕ ОД РЕФОРМИТЕ НА СУДСКИОТ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Со основањето и на Апелациониот суд Гостивар, практично се прави уште еден чекор напред кон доближувањето на судовите до граѓаните истакна Маневски. 

Судските реформи во Република Македонија на чие спроведување напорно се работи бележат значителен прогрес кој охрабрува и обврзува за континуирани активности, пред се за доследна имплементација на законите, поголема ефикасност на судскиот систем и борба против организираниот криминал и корупцијата. Меѓу особено значајните активности во ова време се почнувањето со работа на Управниот суд, а денес и на новиот Апелационен суд во Гостивар, донесувањето на двата клучни закони за Јавното обвинителство и за Советот на јавни обвинители, докомплетирањето на судскиот совет во текот на наредните денови, темелни реформи во казненото законодавство и спроведување на информацискиот систем во судството имаат исклучително позитивни влијанија во вкупните судски реформи истакна министерот Маневски.

Претседателот на Судскиот Совет Беќир Исени истакна дека министерстсвото  за правда и највисоките органи на Судската власт, Судскиот совет и Судскиот буџетски совет работеа повеќе месеци за да може  денес да се одбележи овој успех.Само со напорна , самопрегорна и чесна работа ќе можеме да кажеме дека сме постигнале многу за независно и професионално судство, истакна Исени.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk