Успешна реализација на проектот;”Подобрување на изборниот процес и надминување на изборните нерегуларности”  
     
 

17.12.2007

 
 

На заедничка прес конференција денеска беа презентирани резултатите од завршувањето  на проектот; ”Подобрување на изборниот процес и надминување на изборните нерегуларности”. Проектот  е плод на заедничката работа  на Министерството за правда, Граѓанската асоцијација  МОСТ  и Набљудувачката  мисија на ОБСЕ во Скопје.

Целта на проектот беше да придонесе кон подобрување на изборното законодавство, кое во целост ќе биде компатибилно со меѓународните изборни стандарди. Во рамките на проектот направени се измени и дополнувања на Изборниот законик во делот на финансирањето на изборната кампања, изборните нерегуларности и надлежноста на ДИК во однос на промена на водењето на евиденцијата на избирачкото право од Министерството за правда во ДИК.

Министерот за правда Михајло Маневски во своето воведно обраќање истакна дека донесувањето и спроведувањето на  изборното  законодавство претставуваат значаен придонес кон развојот на демократијата во  Република Македонија. Република  Македонија напорно работи  и гради капацитет за спроведување на фер и демократски избори.

  Искрено се надевам истакна Маневски дека семејното гласање, полнењето на гласачките кутии, кршењето на гласачките кутии  и други нерегуларности, ќе останат во минатото, и повеќе никогаш да не се повторат.

Граѓаните на Република Македонија,  веќе се заморени од проблематизирање на изборите и изборните резултати, а со тоа и на доведување во прашање и на политичкиот легалитет и легитимитет на избраните власти.

Предложените измени во Изборниот законик се во духот на реализација на забелешките на  домашните и странските набљудувачи кои беа вклучени во обсервација на предходните избори, а посебно последните парламентарни избори  нагласи министерот Маневски.

Инаку во работната група за подготвување на измените на Изборниот законик беа вклучени експерти,  претставници од органите на државната власт и преставници од парламентарните политички партии. Измените се прифатени со консензус од сите членови на работната група.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk