Информативна сесија за Предлогот за донесување на законот за судска служба –Апелационен суд Скопје  
     
 

03.01.2008

 
 

            Информативните сесии се покажаа како многу добар начин на взаемно информирање и запознавање со одредбите на  Предлогот за донесување на  законот за судска служба.

            Практично информативните сесии  во целост го оправдаа нивното организирање, пред се поради покажаниот интерес од страна на  вработените во судовите  за прашања кои се од исклучително значење во вршењето на нивната работа а за кои се дискутираше на овие информативни сесии.

            Ваквата оценка беше искажана на денешната Информативна  сесија за законот што се одржа во Апелациниот суд во Скопје . Ова е втора таква информативна сесија која е дел од Проектот за  имплементација на судските реформи  , во организација на УСАИД и Министерството за правда - Државен управен инспекторат.

            Димитар Ѓорѓиевски ,претседател на работната група за изготвување на предлог законот истакна дека Предлогот за донесување е во прва фаза во Собранието на Република Македонија и по сумирање на забелешките од сите информативни сесии , тие како конечен текст ќе бидат поднесени до Собранието на Република Македонија.

            Проектот кој треба да придонесе за зајакнување на капацитетите на судската администрација и судската полиција  во имплементацијата на судските реформи, вклучува и поддршка  во подготовката на Законот за судска служба.

            Предложениот закон  кој треба да ја зајакне независноста на судството, регулира исклучително важни прашања за судската администрација  и судската полиција како што се статусот, правата и одговорностите на вработените како и платниот систем .

            Наредната информативна сесија е планирана да се одржи на 9-01-2008 година во Битола. 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk