Работилница - Обука за надзор над работата на извршителите од аспект на Законот за извршување  
     
 

14.01.2008

 
 

 

Во организација  на Министерството за правда и поддршка на УСАИД – Проект за имплементација на судски реформи  на 14 и 15 јануари се одржа дводневна работилница –обука за  надзор над работата на извршителите.

Потребата за обука на вработените во Секторот за надзор над работата на извршителите  при министерството за правда, произлегува од специфичноста на работата која ја извршуваат извршителите, и огромниот интерес на државата за правилно функционирање на системот на извршители како и континуираниот  надзор на меѓународната заедница за создавање бизнис клима во Република Македонија.

На работилницата се обрати и министерот за правда Михајло Маневски кој се осврна на важноста на работата на извршителите во целокупниот правен систем и нивниот придонес во обезбедувањето на правата на граѓаните. Министерот Маневски ги  истакна напорите што ги прави Република Македонија за зајакнување на капацитетите на институциите   на системот, кои се пред се  во насока на усогласување  со правото на Европската унија и создавање на услови за поволна бизнис клима и   владеење на правото во Република Македонија.

На работилницата беа разгледани најдобрите европски пракси при мониторинг и контрола со посебен осврт на холандскиот модел , претставник од Државен завод за ревизија се осврна на финансиските извештаи , а се дискутираше и за развивање на Акционен план за имплементација на надзорот.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk