Информативна сесија по Предлогот за донесување на закон за судска служба –Апелционен суд Гостивар  
     
 

 
 

Во Апелационен суд - Гостивар денеска се одржа четвртата  а воедно и завршна  информативна  сесија по Предлогот за донесување на законот за судска служба.

На оваа последна информативна  сесија во Гостивар  беа заокружени забелешките по Предлогот на овој  како што беше речено многу важен закон за организација на судската служба.

 Како што нагласи Димитар Ѓорѓиевски директор на Државниот управен инспекторат и претседател на работната група за изготвување на  Предлог-законот  на информативните сесии беа отворени дилемите по одредени прашања, и  беа објаснети одредени недоразбирања  кои ги тангираат вработените во судската администрација и судската полиција. Забелешките  кои ги дадоа учесниците на  сите четири сесии ќе се настојува да бидат вградени во текстот на Предлог-законот за кој токму од овие причини  ќе биде запазена  двостепената собраниска постапка.

Дејвид Андерсен извршен директор на Проектот за имплементација на судските реформи УСАИД-ДПК  рече дека овој модел на соработка се покажа како мошне успешен и дека  поддршката на зајакнување на судските институции  продолжува и понатаму.

И за претставникот  на УПОЗ  Пеце Груевски  , Предлогот  за донесување на законот за судска служба со одредени забелешки  и сугестии кои треба да бидат вградени во предлогот  е прифатлив и за  синдикатот.

Работната група за изготвување на Предлогот за донесување на законот за судска служба  во најкус можен рок ќе ги внесе забелешките по предлогот и ќе ги достави за понатамошно постапување до Собранието на Република Македонија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk