Средба на министерот Михајло Маневски со Н.Е. амбасадор,директор на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ  
     
 

16.01.2008

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски денеска се сретна со Н.Е. амбасадор, директор на Канцеларијата за демократски институции и  човекови права на ОБСЕ, г.Кристијан Штрохал.

 На средбата се разговараше за Извештајот за изработка на закони и регулаторен менаџмент во Република Македонија , кој е всушност подготвен како завршна активност на проектот  кој се одвиваше помеѓу Министерството за правда и ОБСЕ/ОДИХР и други релевантни институции во Република македонија. Притоа посебно внимание беше посветено на препораките содржани во извештајот и начините на дисеминација на истиот.

Министерот Маневски го информираше амбасадорот г.Штрохал и  присутните за текот на реформите и активностите кои се преземаат во министерството за правда со нагласок на потребата од воспоставување на систем за мониторинг на имплементација на законите.

Амбасадорот г.Штрохал се заблагодари за личната поддршка од министерот Маневски и понуди понатамошна соработка за начините на користење на Извештајот за изработка на закони и регулаторен менаџмент кој е во функција на поребите на министерството и пошироко за Република Македонија.

Министерот Маневски во оваа пригода даде неколку начелни идеи за дисеминација на Проектот кои се однесуваат пред се на негово доставување до сите релевантни институции кои работат на изготвување на законите, организирање тркалезна маса за дискусија по истиот, доставување до парламентарците , електронска достапност итн.

Министерот Маневски во хотелот ,,Арка ,, присуствуваше на презентацијата на Извештајот  за изработка на закони и регулаторен менаџмент во Република Македонија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk