Заменик мин. Сашо Василевски-Министерска средба на министрите за правда и внатрешни работи на ЕУ што се одржа во Брдо кај Крањ , Р. Словенија  
     
 

26.01.2008

 
 

Министерската средба на која Република Македонија како земја кандидат за членка во ЕУ редовно зема учество , практично го означи почетокот на Словенечкото претседателство со ЕУ. 

На оваа неформална министерска средба се дебатираше на три теми : “Е-правда: од пилот проекти до практични услуги,” “Овозможување на судска соработка во кривичната материја: Потрага по рамнотежа помеѓу принципот на меѓусебно признавање и заштита на фундаменталните права на осудените лица: судења во отсуство” и “Семејно право: Зајакнување на судската соработка и пристапот до правдата.”

Заменик министерот за правда Сашо Василевски се вклучи во дискусијата во рамките на втората работна сесија и ги посочи состојбите со кои Република Македонија се соочува при судските постапки во судење во отсуство , исто така даде осврт на проблемите кои произлегуваат од имплементацијата на Европскиот налог за апсење. Заменик министерот Василевски ги подвлече и активностите кои Република Македонија како земја кандидат за членство ги презема за усоглсување со европските норми и отпочнувањето на преговори со Еуројуст.

Делегацијата од Република Македонија предводена од заменик министерот Василевски на маргините на неформалната министерска средба, оствари билатерални средби со министерот за правда на Словенија г-дин Ловро Штурм, правната советничка во Француското министерство за правда за Француското претседателство со ЕУ г-ѓа Изабел Персез, со претставници на Еуројуст и претставници на Министерството за правда на Република Бугарија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk