Средба на министерот Михајло Маневски со Високиот комесар на ОБСЕ, амбасадорот Кнут Волебек  
     
 

30.01.2008

 
 

 

На средбата министерот Маневски го запозна амбасадорот Волебек со активностите што ги презема министерството за правда  за прашањата кои се однесуваат  на  обезбедување на правата и обврските на  националните малцинства  во Република Македонија.

Министерот Маневски се осврна и на досегашната имплементација на Уставните амандмани кои се однесуваат на Рамковниот договор, како и на Стратегијата за правична и соодветна застапеност на немнозинските заедници во Република Македонија.

Со напорите што ги прави Република Македонија за вклучување и учество на сите припадници на етничките заедници во јавната сфера, всушност се остварува една од основните заложби на Владата на Република Македонија и министерството за правда за интегрирање на Република Македонија во Евроатлантските структури, -истакна министерот Маневски.

Амбасадорот Волебек искажа задоволство од постигнувањата на Владата на Република Македонија во процесите на имплементација на Рамковниот договор и се заложи за продолжување на успешната соработка со конкретни проекти.

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk