Конституиран Управниот одбор на Академијата за обука на судии и јавни обвинители  
     
 

12.04.2006

 
 

Денеска се одржа конститутивна седница на Управниот одбор на Академијата за обука на судии и јавни обвинители.

На седницата едногласно за претседател на Управниот одбор беше избран Агим Мифтари.

Согласно Законот за Академијата за обука на судии и јавни обвинители, членови на Управниот одбор по функција се министерот за правда, Мери Младеновска Ѓорѓиевска, претседателот на Републичкиот судски совет, Ленче Софрониевска, претседателот на Врховниот суд, Дане Илиев, и јавниот обвинител на Република Македонија, Александар Прчевски.

Назначени членови се: Агим Мифтари, судија на Врховен суд и претседател на Здружението на судии, назначен од Здружението на судии, Благој Доновски, судија на Врховен суд и Лидија Тасева, судија на Основен суд Скопје – два, назначени на општа седница на Врховен суд, Абдуљаким Салиу, заменик на јавниот обвинител, назначен од колегиумот на Јавното обвинителство, Кире Секуловски, виш јавен обвинител на Битола, назначен од Советот на јавни обвинители, Стерјо Зиков, основен јавен обвинител на Скопје, назначен од Здружението на јавни обвинители, Исамедин Лимани, нзаначен од министерот за правда на РМ.

Управнјиот одбор донесе одлука за распишување на јавен оглас за избор на директор на Академијата за обука на судии и јавни обвинители.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk