Средба на министерот Михајло Маневски со Шефот на Kанцеларијата на ОБСЕ во Скопје , г. Доналд Бисон  
     
 

04.02.2008

 
 

Средбата помеѓу министерот Маневски  и г. Бисон е дел од низaтa  континуирани средби, со која успешно  се надоградува соработката помеѓу министерството за правда и канцеларијата на ОБСЕ во Скопје.

На средбата министрот Маневски го информираше г.Бисон за активностите што министерството ги презема на планот на судските реформи како и за активностите околу  Изборниот законик.

Како значајно прашање во таа насока се  поставува гласањето на дијаспората за што министерот Маневски нагласи дека основна определба на Владата на РМ и на министерството е правото на избор да се направи реално остварливо, односно граѓаните во дијаспората  да бираат и да бидат бирани.Посебно за ова прашање,како што истакна Маневски од голема помош ќе ни бидат и искуствата од регионот каде што неодамна беа одржани избори како во Словенија ,Хрватска идр.

Во контекст на разговорите за Изборниот законок на средбата беше спомнато и прашањето за обезбедување на гарантираните места за малите етнички заедници во Собранието на Република Македонија. Министерот Маневски посочи дека се потребни максимални законски гаранции и доследно  регулирање на овие прашања во законот .

             На средбата г. Бисон се заложи за продолжување на соработката  со ОДИХР и ОБСЕ  и давање на поддршка што подразбира и организирање тркалезни маси по Извештајот за изготвување на  законите.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk