Комисијата за првиот избор на членови на Советот на Јавни обвинители од редот на јавните обвинители ги објави кандидатските листи  
     
 

11.02.2008

 
 

Комисијата за првиот избор на членови на Советот на Јавни обвинители од редот на јавните обвинители  денеска на прес-конференција согласно Законот за Совет на јавни обвинители на РМ ги објави кандидатските листи на пријавени кандидати за членови на Советот.

Од изборната единица бр.1-Битола пријавени се :

1.Стевче Тасевски

2.Кире Секуловски

Од изборната единица бр.2-Гостивар пријавени се :

1.Зоран Максимовски

2.Иљази Хабиљ

3.Костадин Кизов

Од изборната единица бр.3 –Скопје пријавени се :

1.Вера Илиевска

2.Ацо Колевски

3.Ратка Гоговска

4.Елена Гошева

5.Драгољуб Цакиќ

6.Мимоза Илиќ

7.Лазар Катранџиски

Од изборната единица бр.4-Штип пријавени се:

1.Тодор Витларов

2.Драган Гаџов

Од изборната единица бр.5-Јавно обвинителство на РМ  пријавени се:

1.Коста Петровски

2.Клео Бубеска

Од изборната единица бр.6-Посебна листа за претставници од малцинските групи пријавени се :

Имран Османи

2.Момир Маричиќ

3.Абдулаким Саљиу

4.Драгица Михајловска

            Изборот на членови за Советот на јавните обвинители од редот на јавните обвинители ќе се одржи на 22.02.2008 година.

            Комисијата  согласно одредбите на Законот за совет на јавни обвинители претходно ги направи неопходните подготовки за гласањето на 22.02.2008 година, како што се :

-со одлука ги распиша изборите

-го утврди изборниот материјал

-го заклучи изборниот именик на јавни обвинители

-достави допис до Собранието на РМ заради избор на тројца членови кои ги избира Собранието на РМ.

Советот на Јавни обвинители е составен од 11 членови  од кои 2 члена се по функција: Јавниот овинител на РМ и Министерот за правда, 6 члена се од редот на Јавните обвинители на РМ и 3-ца членови  кои ги избира Собранието на РМ.

 

 

 

 

 

 

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk