Обраќање на министерот Михајло Маневски на вториот ден од 4-та Конференција на министрите за правда на Организацијата на Франкофонијата  
     
 

14.02.2008

 
 

           Министерот за правда Михајло Маневски во рамки на учеството на пленарната сесија на 4-та Конференција на Министрите за правда на земјите членки на Меѓународната организација на Франкофонијата што се одржува во Париз,Франција денеска имаше свое обраќање на тема ,,Правдата и зајакнувањето на владеењето на правото на државите,,

            Во  своето обраќање министерот Маневски се осврна на активностите кои што Република Македонија ги презема во рамки на реформата на правосудниот систем и во насока на обезбедување на ефикасно и независно судство  кои се во согласност со Евро-атлантските интеграции, и со посебен акцент на борбата  против организираниот криминал и корупцијата.

            Во излагањето министерот Маневски нагласи дека : реформските процеси во РМ не се можни без сестраната поддршка на Европската Унија и билатералните партнери меѓу кои Република Франција зазема значајно место.Министерот Маневски се заблагодари на  повеќегодишната корисна поддршка која Република Франција ја дава на Република Македонија во судските реформи и во Евроинтегративните процеси , и изрази надеж дека истата ќе продолжи и понатаму.

            Министерот за надворешни работи и франкофонија Zan Mari Bokel  кој претседаваше со денешната сесија се осврна на соработката помеѓу Република Франција и Република Македонија во областа на судството и борбата против организираниот криминал и корупцијата и посебно го истакна значењето на Управниот суд и напомена дека тоа преставува пример кој треба да го следат и другите земји членки на Организацијата на Франкофонијата. 

На маргините на Конференцијата министерот Маневски оствари билатерални средби со Министерот за правда на Република Бугарија и министерот за правда на Луксембург.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk