Свечено отворена 4-та конференција на министрите за правда на земјите членки на Организацијата на Франкофонијата во Париз, Франција  
     
 

13.02.2008

 
 

На покана на министерката за правда на Република Франција г-ѓа Рашида Дати  , делегација од Министерството за правда предводена од министерот Михајло Маневски учествува на 4-та Конференција  на министрите за правда на земјите  членки на  Меѓународната Организација на Франкофонијата која се одржува на 13 и 14 февруари.

На Конференцијата на која Република Македонија учествува како полноправна членка, заедно со претставници на вкупно 68 Франкофонски земји,  ќе се дискутира  на темите  од областа на правдата и зајакнувањето на владеењето на правото на државите, и ќе се усвои Декларација за зајакнување на судската соработка помеѓу Франкофонските земји.

Денеска  Конференцијата  ќе биде свечено отворена од министерот за надворешни и европски работи г. Bernar Kushner , а ќе се обратат и потпреседателот на Светска Банка  г-ѓа Palacio,   , потпретседателот на Европската комисија г. Fratini, министерката за правда на Република Франција г-ѓа Rashida Dati  и Генералниот секретар на Франкофонијата Abdu Diuf.

 

Министерот за правда Михајло Маневски е во придружба на Амбасадорот Сашо Стефков-национален координатор за Меѓународната организација на Франкофонијата,Амбасадорот на Република Македонија во Франција Јон Илиевски и делегација од министерството за правда.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk