Информативна сесија по Предлогот за донесување на Закон за судска служба - Апелационен суд во Скопје  
     
 

21.02.2008

 
 

Денеска во Апелациониот суд во Скопје се одржа информативна сесија по Предлогот за донесување на Закон за судска служба.

Настанот беше организиран како континуитет на напорите на Министерството за правда за подобрување на текстот на Предлог-законот.

Целната група овој пат беа стручните судски службеници.

На сесијата беа отворени низа прашања кои ја детерминираат нивната позиција, статус и делокруг на наделжности и обврски кои потекнуваат од работното место.

Беа понудени предлози за унапредување на судската стручна служба со давање поголема самостојност во работата, воведување унифицирани работни места, и обезбедување задолжителна континуирана едукација.

Неодмилниво беа отворени прашањата за плати и надоместоци од плата, со заклучок дека истите ќе се разгледуваат низ призмата на можноста, судскиот буџет да ги апсорбира очекуваните финансиски импликации, без притоа да се наруши рамката на учество во Буџетот на Република Македонија. Исто така, беше истакнато дека Предлог-законот е во прва фаза во Собранието на Република Македонија и дека се добредојдени сите предлози и сугестии за негово подобрување.

Се надеваме дека напорите на Министерството за правда и претставниците на Синдикатот на УПОЗ ќе придонесат за разрешување на најголемиот дел од отворените прашања, од кои некои беа и причина за неодамнешниот прекин на работа на судската администрација.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk