Свечено предавање на повелби на 7 именувани извршители  
     
 

27.02.2008

 
 

             Денеска во министерството за правда , министерот Михајло Маневски  на 7 именувани извршители им предаде повелби за именување.

            Новонаименуваните извршители со свечена изјава се обврзаа на совесно, чесно и непристрасно спроведување на извршните дејствија, во согласност со уставот и  законите  на Република Македонија, и заштита на интересите на странките.

            Министерот Маневски обраќајќи им се на извршителите , им посака успешно извршување на нивните јавни овластувања.

             Со овој чин државата ви дава чест и доверба,  истакна министерот Маневски, со што укажува дека извршувањето на судските одлуки треба да биде навремено и да значи целосна реализација на судската одлука, а воедно и намирување на правата на странките.

Законот за извршување е еден од реформските закони и веќе ги дава првите резултати.Во судовите  има преку 500 000 нерешени извршни предмети кои  чекаат на извршување –истакна министерот Маневски.

Министерството за правда во постапката на следење на работата на извршителите ќе пружи максимална помош во   унапредување на знаењата со соодветни едукативни програми кои ќе бидат спроведени од Секторот во министерството,  заедно со Комората на извршители-потенцира Маневски.

За подрачјето на Основен суд Тетово именувана е:

Славица Ацовска

За подрачјето на Основен суд Куманово, Крива паланка и Кратово именуваи се:

Весна Кавракова, Зоран Ангелески, Зорица Митровска

За подрачјето на Основен суд Охрид, Струга, Дебар именувани се :

Суазана Гилевска , Иван Митановски

За подрачје на Кочани, Берово, Виница и Делчево именувана е :

Снежана Маролова

Согласно Законот за извршување, Комората на извршители веднаш ќе го определи и објави во Службен весник на РМ датумот на почетокот на работа на извршителот,откако ќе достави доказ за именувањето, повелба за именување и склучен договор за осигурување од одговорност за штета сторена на трети лица.

Ако извршителот не започне со работа во рок од три месеци од објавувањето на датумот на почетокот со работа, односно 6 месеци од именувањето на извршителот, се смета дека воопшто не започнал со работа.

Именуваните извршители се запишуваат во именикот на извршители што го води Комората.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk