Работилница - „Нови односи помеѓу полицијата, јавното обвинителство и судовите во претходна постапка“  
     
 

28.02.2008

 
 

Во организција на Министерството за правда , Здружение за кривично право и криминологија, СОРОС, ОБСЕ, Програма ОПДАТ-Амбасада на САД во Скопје, и Пактот за стабилност за Југоисточна Европа денеска започна дводневна работилница на тема „Нови односи помеѓу полицијата, јавното обвинителство и судовите во претходна постапка“.

На работилницата се обрати министерот за правда Михајло Маневски кој рече дека  работилницарта е дел од Проектот „Казнено правна реформа – човекови права во Република Македонија“ и претставува имплементација на Стратегијата за реформи во казненото законодавство. Во таа смисла истакна министерот Маневски, законите  треба да бидат готови до почетокот на октомври оваа година, а веќе од јануари 2009 година  да се започне со нивно спроведување. Во министерството  на оваа проблематика веќе работат работни групи за измени и дополнување на законите од казненото законодавство.

За практичните  и компаративни искуства од Хрватска, Германија, Италија, Косово - УНМИК во делот на улогата на јавниот обвинител во претходната постапка, улогата на бранителот во текот на истражната постапка , односот помеѓу јавниот обвинител и полицијата, за јавниот обвинител како гарант на владеењето на правото во претходната постапка и др. на работилницата говореа судии, државни обвинители, меѓународни судии, професори итн.

Од изнесените искуства на дводневната работилница  ќе бидат согледани и искористени законски решенија за постојните работни групи по однос на прашањето на реформата на казненото право.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk