Министерот Маневски учествува на 92-та седница на Комитетот за човекови права на Обединетите Нации во Њујорк, САД  
     
 

25.03.2008

 
 

             На  26 и 27 март 2008 година делегација од Република Македонија  предводена од министерот за правда Михајло Маневски престојува во Њујорк, САД  каде што ќе учествува на 92-та седница на Комитетот за човекови права на Обединетите Нации.

            Согласно своите меѓународно преземени обврски , Република Македонија како земја членка на Меѓународниот пакт за граѓански и политички права на ОН , на 12 декември 2006 година до надлежниот Комитет за човекови права на ОН, го достави  Вториот периодичен извештај по меѓународниот пакт за граѓански и политички права.

            Комитетот за човекови права на ОН го разгледа извештајот и одлучи одбраната да се одржи на 26 и 27 март оваа година.

            Извештајот што ќе биде презентиран содржи детални информации  за правните , административните, и други мерки со кои се обезбедуваат правата гарантирани со Пактот,  за  периодот 2000-2006 година како и мерките и активностите педвидени во Програмата на Владата на Република Македонија   и  Акциониот план за сузбивање на корупцијата за периодот 2007-2011 година.

            Делегацијата  штоја предводи министерот за правда Михајло Маневски , е составена од преставници од ресорните министрства кои беа инволвирани во изработката на извештајот, и кои  ќе го презентираат текстот пред надлежниот Комитет.

            Во делегацијата се вклучени претставници од Министерство за надворешни работи, Министерство за труд и социјална политика,  Министерство за образование,  и Министерство за внатрешни работи.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk