Научна расправа во МАНУ- Методи на хармонизација на националното законодавство со правото на Европската унија  
     
 

02.04.2008

 
 

Министерот Михајло Маневски во поздравното обраќање на денешната научна расправа во МАНУ истакна дека процесот на хармонизација на законодавството на Република Македонија со правото на Европската Унија претставува еден од предусловите за полноправно членство во Унијата, што воедно е стратешка определба на државата. Согласно оваа обврска нормативниот систем на Република Македонија треба да се усогласи со acquis communitaire, или легислативата на ЕУ.

Министерот Маневски потсети дека заради следење на статусот  на исполнување на клучните приоритети, Владата во март 2008 усвои Акционен план според која надлежните институции се одговорни да ги реализираат мерките и активностите во дадените рокови и на неделна основа да доставуваат извештај до СЕП. Според досегашните податоци до крајот на март 2008 година, Владата констатира дека нема доцнења во исполнувањето на роковите - истакна Маневски.

По донесувањето на Националната програма за усвојување на правото на Европската унија, од 2007 година, силната заложба на Владата на Република Македонија кон приоритетите за пристапување во ЕУ резултираше со значително забрзано темпо на спроведување на Програмата - рече Маневски. Врз основа на Извештајот кој нуди сеопфатни информации за статусот на спроведувањето на постигнатите резултати, во поглед на статусот на реализација на законите од НПАА во текот на 2007 година од вкупно планирани 156 закони, Владата досега усвои 126 закони или 81,8% реализација.

- Особено, би сакал да истакнам дека Министерството за правда во текот на 2007 година во рамки на своите надлежности има реализирано бројни активности на законодавен план за што укажуваа и обемот на донесени законски и подзаконски акти. Имено досега се донесени 31 закони, (во тек е донесување на 23 закони),  33 подзаконски акти (а во тек е донесување на уште 33). Исто така, МП презема и низа континуирани активности за следење и евалуација на ефектите од примената на законите, за што се изготвени околу 57 информации, извештаи и анализи.

Маневски потенцира дека во рамки на проектот Реугулаторна гилотина, Владата презеде иницијатива за ревидирање на околу 1500 законски прописи со цел скратување на административните процедури.

Стратегијата за реформа на судскиот систем 2004-2007 која имаше за цел воспоставување на независно и ефикасно судство е целосно спроведена од легислативен аспект. Но, обезбедување на независност и непристрасност, професионалност како и ефикасност на судскиот систем остануваат и понатаму да бидат основни насоки во реформата на судскиот систем на Република Македонија - рече министерот Маневски.

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk