Средба на Министерот Младеновска-Ѓорѓиевска со амбасадорот Фуере  
     
 

30.06.2006

 
 

Министерот за правда Мери Младеновска-Ѓорѓиевска денеска оствари средба со амбасадорот на Европската унија во македонија Ерван Фуере. На состанокот стана збор за претстојните парламентарни избори и активностите што ги презема Министерството за правда, а кои се во негова надлежност.

Министерот Младеновска истакна дека изборите мора да се одвиваат законито и нема да има никаква толеранција за евентуалните нерегуларности и нивните сторители.Таа рече дека се преземени сите законски мерки за да се делува превентивно во спречувањето на било какви нерегуларности во текот на изборниот процес. Министерот Младеновска рече дека се направени измени во Кривичниот законик со кои се  зголемени казните за кривичните дела за нарушување на текот на изборите. За полесните кривични дела е предвидено најмалата казна да е три години затвор, а за потешките облици на нарушпување на изборниот процес таа е пет години затвор. Укинати се паричните казни.Максималните казни се до петнаесет години затвор согласно одредбите на Кривичниот законик.Министерот Младеновска потенцира дека Министерството за правда ги презеде сите активности за координирање на обвинителството и судовите за приоритетно постапување по предметите поврзани со изборнииот процес, а согласно Изборниот и Кривичниот законик.

Амбасадорот Фуере на средбата го изрази своето задоволство од сите преземени активности, како и од резултатите што Министерството за правда ги постигна во реформите на правосудството. Тој подвлече дека тоа е позитивен пример на достигнување на европските стандарди.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk