Средба на министерот за правда Михајло Маневски со претседателот на ССМ , Ванчо Муратовски  
     
 

04.04.2008

 
 

Во текот на вчерашниот ден  во министерството за правда се одржа средба помеѓу министерот за правда  Михајло Маневски, државниот секретар Нуман Лимани и претставниците на Сојузот на синдикатите, претседателот на ССМ Ванчо Муратовски и претседателот на УПОЗ Пеце Груевски.

На средбата се рзговараше за најавите  за продолжување на штрајкот на судските службеници.

            Претставниците на Синдикатот го повторија барањето веднаш да се зголемат платите на судските службеници за 10%, и да бидат информирани за понатамошниот тек на  постапката за  донесување на Законот за судска служба.

            На средбата, четврта по ред со министерот за правда  и  повеќе средби одржани со овластени преставници од министерството, на преставниците од синдикатот  им беше речено дека сите нивни предлози и сугестии што беа поднесувани во врска со Предлогот за донесување на Законот за судска служба, ќе бидат земени во предвид во 2-та фаза на донесување на законот ,бидејќи сега во собраниска процедура е во тек првата фаза на донесување на законот, и како што е познато во таа фаза не може да се интервенира со амандмани.Исто така  беше кажано дека ќе бидат вклучени при подготовката на втората фаза на донесување на Законот за судска служба.

            Што се однесува до барањето за зголемување на платите, на претставниците од Синдикатот им беше укажано дека оваа материја  не во ингеренции на министерството за правда. На претставниците на синдикатот им беше предочено дека покрај веќе направеното  зголемување  на платите за минатата година од 10%, и оваа година се планира зголемување од 10%, исто така се предвидува примена на глава 4 од Законот за државни службеници, како и соодветна примена на одредбите што се однесуваат на  исплаќањето на  надомест за храна и превоз согласно законските прописи а во врска со одлуката  на Уставниот суд на Република Македонија.

            Имајќи ја во предвид изнесената состојба на средбата беше укажано дека секое  продолжување на штрајкот не е во интерес на судските службеници, бидејќи се преземаат конкретни мерки за подобрување на нивната материјална положба.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk