Eurojust и Република Македонија започнаа преговори за Договор за судска соработка  
     
 

10.04.2008

 
 

Министерот за правда  Михајло Маневски денеска го посети Eurojust во Хаг, Холандија за да ги започне преговорите за склучување на Договор за судска соработка.

Со оглед на тоа што земјата оствари задоволителен напредок, исполнети се условите за отпочнување на преговорите за потпишување на овој Договор.

Со своите воведни излагања, обете страни формално ги отворија преговорите.

Цел на договорот за соработка ќе биде зајакнување на соработката меѓу двете страни во борбата против сите видови на сериозен организиран транснационален криминал, вклучувајќи го и тероризмот. Договорот, исто така, ќе претставува основа за размена на информации поврзани со ваквите предмети.

На крајот на состанокот, обете страни искажаа задоволство со исходот. Тие постигнаа согласност околу сите прашања, и процедурата за финализирање и потпишување на договорот ќе продолжи.

По состанокот, г-дин Михајло Маневски, Министер за правда, изјави:

“Република Македонија е подготвена да започне целосна соработка со Eurojust, преку Јавното обвинителство на РМ и националните судски органи.”

Г-дин Лопез да Мота, Претседател на Колегиумот, рече:

“Со оглед на тоа што Република Македонија има статус на земја-кандидат за членство во ЕУ, силната судска соработка е од суштествена важност, особено во поглед на борбата против специфични форми на организиран криминал. Мораме да гледаме и делуваме и надвор од границите на Европската Унија.” 

Делегацијата беше предводена од г-дин Михајло Маневски, Министер за правда. Него го придружуваа Зоран Пандев, заменик-директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци Маја Коневска, Јавен обвинител, Билјана Коцевска, кривичен судија, Горица Атанасова, помошник на министерот за ЕУ и меѓународна соработка, Бети Јачева, Советник во Мисијата на РМ при ЕУ и Шпреса Јусуфи, вршител на должноста амбасадор на РМ во Холандија.

Делегацијата на Eurojust ја предводводеше  г-дин Лопез да Мота, Претседател на Колегиумот. Претседавач беше г-ѓа Габријелчич, а учествуваа и други членови од Тимот за надворешни односи, Правната служба и Офицерот за заштита на податоци.

 

EUROJUST PRESS RELEASE
 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk