Министерот за правда Мери Младеновска-Ѓорѓиеревска се сретна со обвинителот Карла дел Понте  
     
 

16.02.2006

 
 

Министерот за правда на Република Македонија, Мери Младеновска Ѓорѓиевска денеска во Хаг оствари средба со обвинителката на Обвинителството на Хашкиот трибунал, госпоѓа Карла дел Понте, а на која присуствуваа  раководителот на Одделението за гонење на сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата при Јавното обвинителство на РМ, Јован Илиевски и неговиот заменик, Гордана Гешковска.

Причината за средбата беше договарањето на натамошното постапување за четирите предмети за кои Хашкото обвинителство минатата година одлучи да ги врати во Република Македонија.Беше потврдено дека четирите предмети ќе се враќаат поединечно

На состанокот беше постигната согласност враќањето на предметите да започне кон крајот на годината. Оваа согласност бесе постигната иМајќи го предвид заокружувањето на реформскиот процес во судството во Република Македонија кој е во тек. При тоа беше нагласено дека враќањето на предметите треба да биде во време во кое за сите ќе се применува иста правна регулатива

На средбата беше договорено јавниот обвинител на РМ, да го информира Хашкото обвинителство за тимот и лицето кое ќе биде задолжено за понатамошните контакти, а начелно е договорена средба на претставниците на обвинителствата во септември.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk