Обраќање на министерот Маневски на Состанокот на министрите за правда и внатрешни работи во Софија , Р.Бугарија  
     
 

30.04.2008

 
 

            На  Состанокот на министрите за правда и внатрешни работи на земјите членки на Процесот за соработка на земјите  од југоисточна Европа, што се одржува во Софија,Република Бугарија ,свое обраќање имаше министерот за Правда Михајло Маневски.

            Осврнувајќи се на активностите што Република Македонија ги презема  во борбата против организираниот криминал  министерот Маневски истакна дека успешна битка  може да се води  само ако се обезбеди целосна регионална и меѓународна соработка помеѓу државите и институциите во рамките на меѓународните конвенции и договори и домицилните законодавства  усогласени со нив.

            Република Македонија ги има ратификувано конвенциите за правна помош во кривичната материја, за екстрадиција, за трансфер на осудени лица, за пренос на казнени постапки, има склучено повеќе билатерални договори и во тек е постапка на склучување на  уште  6 шест други истакна министерот Маневски.

            Министерот Маневски истакна дека се постигнати значителни резултати во гонењето на организираните облици на кривични дела, при што со судски пресуди се осудени повеќе од 120 лица.

            Постојано се зголемува бројот на реализирани постапки за екстрадиција истакна Маневски. Во периодот од 2004 до 2008 година спроведени се постапки за екстрадиција против 148 лица. Исто така во 2007 година реализирани се вкупно 47 екстрадиции сто во споредба со 2004 година претставува зголемување за 2,5 пати. Само за 4 месеци во 2008 година реализирани се 22 екстрадиции.

           Констатирајќи дека битката против организираниот криминал  е сериозна и тешка  И дека таа битка можат да ја водат само добро едуцирани кадри и  добро опремени институции министерот Маневски истакна дека треба  да јакнат институциите како што се ЕУРОЈУСТ , Еуропол, Европската судска мрежа, мрежата на обвинители на западен Балкан, заради ефикасно спречување на делата на организираниот криминал.

            Министерот Маневски на маргините на состанокот се сретна со претседателот на Еуројуст г.Да Мота со кој разговараше  за започнатата соработка и утврдувањето на нацрт текстот на Договор за соработка.

            Исто така министерот Маневски оствари средба со домаќинот на состанокот министерката за правда на Република Бугарија г-ѓа Миглена Тацева, со министерот за правда на Босна и Херцеговина г.Бариса Чолак, со словенечкиот државен секретар г.Роберт Маролт  и со министерот за правда на Црна Гора г.Мираш Радовиќ.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk