Министерот Маневски учествува на седница на Комитетот против тортура на ОН во Женева , Швајцарија  
     
 

06.05.2008

 
 

 

На 7 и 8 мај 2008 година делегација предводена од министерот за правда Михајло Маневски ќе учествува на 40-та седница на Комитетот против тортура на Обединетите нации, што се одржува во Женева, Швајцарија.

За седницата на Комитетот, делегацијата  ја подготви одбраната на Вториот периодичен извештај на Република Македонија по Конвенцијата против тортура и друг вид сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување.

Имено согласно меѓународно преземените обврски, Република Македонија како земја потписник на Конвенцијата против тортура и друг вид сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување на ОН, на 2 февруари 2006 година до надлежниот комитет, достави Втор периодичен извештај.

Согласно утврдената практика, Комитетот против тортура на ОН го разгледа Извештајот и реши одбраната да се одржи на 7 и 8 мај 2008 година.

Делегацијата која ја предводи министерот Маневски е составена од  претставници на Министерство за правда, Министерство за надворешни работи, Министерство за внатрешни работи, Министерство за транспорт и врски и Управата за извршување на санкции.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk