Средба на министерот Маневски со Генералниот Директор на Канцеларијата на ОН во Женева  
     
 

08.05.2008

 
 

 

Министерот за правда Михајло Маневски, кој ја предводи делегација на Република Македонија на 40-та сесија на Комитетот против тортура на ОН во Женева, денеска оствари средба со Генералниот Директор на Канцеларијата на Обединети Нации во Женева Г-дин. Сергеј Ожорникиsе.

На средбата, Министерот за правда ги пренесе поздравите од  Владата на Република Македонија, и го информираше Генералниот Директор Г-дин. Ожорникиsе за активностите на Република Македонија во Обедините Нации и телата на Обединети Нации, и посебно за интензивните реформи што се спроведуваат во Република Македонија и постигнатите резултати во сите општествените области како што се економијата, судството, образованието, здравството и др. Министерот за правда говореше и за јакнењето на демократијата, остварувањето на човековите права и владеењето на правото.

На средбата која мина во мошне срдечна атмосфера, Генералниот Директор Г-дин. Ожорникиsе изрази посебно интересирање за прашањето на разговорите  во врска со  името што се водат под покровителство на Обединетите Нации. 

Министерот Маневски го информираше Генералниот Директор Г-дин. Ожорникиsе за клучните аспекти на прашањето кои не смеат да го доведат во прашање Македонскиот национален идентитет, јазик и култура, кои се неменлива категорија и го информира Генералниот Директор Г-дин. Ожорникиsе за спремноста и конструктивниот пристап на Република Македонија да се изнајде решение за ова прашање во рамките на Обединетите Нации.

Генералниот Директор Г-дин. Ожорникиsе се заблагодари и го поздрави придонесот на Република Македонија во остварувањето на човековите права, посака успешен состанок пред Комитетот против тортура и што поскоро разрешување на прашањето во врска со името.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk