ИЗБОРИ 2008 - Министерот за правда Михајло Маневски го заклучи Избирачкиот список  
     
 

11.05.2008

 
 

Денеска на прес конференција во Министерството за правда министерот Михајло Маневски  го објави вкупниот број на избирачи запишани во Избирачкиот список и бројот на избирачи по изборни единици и го заклучи Избирачкиот список.

Во функција на спроведување на фер и демократски избори Министерството за правда како надлежен орган вклучен во изборниот процес, ги презеде сите активности граѓаните непречено да го остварат своето избирачко право рече министерот Маневски и апелираше  доследно да се почитува Изборниот законик и  да  се спроведат  мирни, достоинствени и фер избори во согласност со уставот и законите.

Извештај за состојбата со заклучениот Избирачки список

            Врз  основа на член 52 од  Изборниот законик (“Службен весник на Република Македонија” бр.40/2006), Министерството за правда како   орган надлежен за водење на Избирачкиот список, по неговото заклучување подготви Извештај за состојбата  со заклучениот Избирачки список врз основа на кој на 01.06.2008 година, ќе се спроведат предвремените избори за избор на пратеници во Собранието  на Република Македонија.

I. Преземени активности

1.Распишувањето на предвремените избори за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија на 12 април  2008 година, со Решение бр. 08-1818/1.

2.На 13.04.2008 година од Министерството за внатрешни работи до Министерството за правда се доставени податоци за државјаните на Република Македонија , со состојба на податоци;

-  за полнолетни лица   01.06..2008 година,

- за починати лица       13.03.2008  година и

- други податоци          12.04.2008 година.

3.Избирачкиот список беше ставен на јавен увид, во периодот од 22.04.2008 до 01.05.2008 година.

- 39.165 граѓани извршиле проверка на своите податоци  од тоа:

- 30.149 граѓани извршиле проверка во подрачните одделенија на Министерството за правда;

- 543 граѓани  извршиле проверка во Министерството за правда; и

- 8.473 граѓани извршиле проверка преку интернет.

- Во споредба  со 2006 година  кога 15.850 граѓани извршиле увид во Избирачкиот список, оваа година јавниот увид во Избирачкиот список е зголемен за 23.315 граѓани  или  повеќе за 160% ( еден и пол пат) иако истиот траеше 10 дена.         

4.За време на Јавниот увид извршени  се вкупно 715 промени и тоа:

- 277 промени на податоци во име, презиме или адресен податок: 

- 354 бришења на починати лица:

- 84 запишувања  во избирачкиот список на лица кои не биле запишани (врз основа на лична карта или патна исправа).

5. Промени во решенијата за утврдување на избирачките места:

- 2976 вкупно избирачки места

- 50 промени во дефиниции ( додавање на улици или куќни броеви на новоизградени објекти); и

- 106 промени на локации за гласање (најчесто во селата каде нема школи или други објекти).

II. Состојба на заклучениот  Избирачки  список

1.По извршените промени од јавниот увид и сите преземени активности од надлежните органи се утврдува дека  во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.779.116  избирачи. 

Во споредба со парламентарните избори во 2006 година , бројот на избирачите е зголемен за 37.667 избирачи.  

2.Број на избирачи по Изборни Единици;

- 295.917          во ИЕ - 1;

- 303.120          во ИЕ - 2;

- 288.585          во ИЕ - 3;

- 289.664          во ИЕ - 4:

- 290.101          во ИЕ - 5;

- 311.729          во ИЕ - 6.

Од вкупниот број на избирачи :

- 67.191 избирачи  во времето на одржувањето на изборите се на привремена работа и престој во странство , според евиденција од Министерството за внатрешни работи;

- 1.929 избирачи  во времето на одржувањето на изборите се на издржување казна затвор или притвор; и

     - 542 избирачи во времето на одржувањето на изборите имаат статус на внатрешно раселени  лица (според евиденција од Министерство за труд и социјална политика).

 

 

 

 

 

 

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk