Работилница – Истраги за организиран криминал и корупција преку информатички технологии  
     
 

05.06.2008

 
 

Во рамки на твининг проектот – Одделение за борба против организиран криминал и корупција – Јавно Обвинителство – „Истраги за организиран криминал и корупција преку информатички технологии“ денеска се одржа РАБОТИЛНИЦА ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ЗА ИСТРАЖНАТА БАЗА НА ПОДАТОЦИ.

Работилницата имаше за цел да ја прикаже структурата за функционирањето на базата на податоци на истражните органи и на сите институции што располагаат со информации од интерес за истрагата, и кои често се предмет на интерес на барањата на полицијата.

Министерот за правда Михајло Маневски  означувајќи го  почетокот на реализацијата на овој проект изрази голема благодарност на Владата на Република Италија за целокупната поддршка во реформата на казнено-правниот систем на Република Македонија.

Маневски истакна дека развојот на ИТ технологијата во сите сфери на општественото живеење и секако во доменот на правдата е високо на агендата на Владата на Република Македонија. Проектот всушност ќе овозможи во судскиот систем на Република Македонија да се инсталира истражна база на податоци која ќе овозможи јавните обвинители, истражните судии како и органите на истражувањето и откривањето на кривичните дела да располагаат со база на податоци кои ќе бидат во насока на превенција и поефикасно откривање и докажување на кривичните дела. Истражната база на податоци ќе ја олесни постапката и ќе ја зголеми ефикасноста на институциите кои ќе располагаат со многу значајни информации и податоци неопходни за истражните органи - потенцира Маневски.

Ова практично претставува имплементација на Стратегијата за ИКТ во правосудството за 2007 – 2010 усвоена од Владата на Република Македонија чии главни точки се модернизација на судството, зголемување на неговата ефикасност, подобрување на заштита на безбедноста на податоци, електронска статистика во правосудните институции и централизирани номенклатури.

На работилницата со осврт на истражната база на податоци за Јавното обвинителство се обрати заменикот јавен обвинител за борба против мафијата при Националното обвинителство г.Алберто Чистерна.

За пристапот кон идната имплементација на проектот и поддршка од ЕУ се осврна  г.Патрик Паке шеф на политичкиот и информациониот оддел при Делегацијата на Европската комисија во Скопје, а во однос на најдобрите пракси за раководење  се осврнаа и Фердинандо Буатје де Монжо, резидентен советник на твининг проектот и Серџо Трабуко експерт од Велика Британија.

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk