Интензивни активности за реформа на Казненото законодавство  
     
 

10.06.2008

 
 

      Во организација на Министерството за правда, Здружението за кривично право и криминологија, ОБСЕ, ОПДАТ-Американска амбасада и СОРОС денеска се одржа работилница на тема „Новата претходна постапка, посебните истражни мерки и заштита на личните податоци“.

          На работилницата присутните ги поздрави министерот за правда Михајло Маневски кој нагласи дека практично со реформата на Казненото законодавство во Република Македонија се гради нов кривично правен систем со цел за ефикасна заштита на правата и слободите на граѓаните.

Претходната постапка во Кривичното законодавство претставува најобемен  и посебно значаен дел затоа што директно го тангира прашањето на почитување на човековите права рече министерот Маневски.

Воведуваме нов систем на истрага која ќе ја спроведува  Јавниот обвинител кој треба да спречи злоупотреба на правата и одолговлекување на постапката, но и заштита на остварувањето на правото на одбрана- нагласи Маневски

Со новите кривични дела кои ќе се вградат во Кривичниот законик најави министерот Маневски, како што е кривичното дело неосновано збогатување, поефикасно ќе се бориме против корупцијата и ќе создадеме можност за кофискација на нелегално стекнатиот имот.

На работилницата со која претседаваше академик професор доктор Владо Камбовски,  говореа професор  Гордан Калјџиев за „Клучни прашања во новата претходна постапка“, Јавниот обвинител Мери  Тромбева за „Откривањето и кривичната пријава во преднацртот на ЗКП“, м-р Стјепан Глушиќ од Полициската Академија Загреб и Драган Новосел од Државното обвинителство на Р. Хрватска.

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk