Научна расправа во МАНУ за кодификација на македонското граѓанско и трговско право  
     
 

18.06.2008

 
 

Во рамките на научната расправа “Кодификација на македонското граѓанско и трговско право“ што  се одржа денеска во Македонската академија на науките и уметностите – МАНУ, поздравно обраќање имаше министерот за правда Михајло Маневски. 

Министерот Маневски изрази задоволство што по трет пат во МАНУ во текот на шест месеци може да се обрати на една ваква научна расправа, значајна за развојот на правниот систем на Република Македонија.

Министерот Маневски  ја  потврди безрезервната поддршка која Владата на Република Македонија и Министерството за правда ја даваат на развојот на правниот систем на Република Македонија а со тоа и на кодификацијата на македонското право. Кодификацијата на правото во Република Македонија  зазема високо место во агендата на Владата на Република Македонија. Составен дел од оваа агенда се активностите кои Владата ги презема за спроведување на Стратегијата за реформа на казненото право, во која се вклучени многу експерти, судии, истакнати правници и други познавачи на оваа област. Владата има  воља истиот метод кој го применува за кодификација  на кривичното право да го примени и за кодификација на  граѓанското право. 

Во заклучоците од научната расправа учесниците ја констатираа потребата од кодификација на граѓанското право на Република Македонија и утврдија дека веќе постојат голем број на донесени закони во оваа област,  мислења на експерти, магистранти и докторанти во одделни области од граѓанското право, богата судска пракса и силна поддршка и отвореност на Владата на Република Македонија за соработка и прифаќање на предлозите на претставниците на науката и на практичарите на правото, со што сите услови за да се започне со овој процес се исполнети.

Денешната расправа одржана во МАНУ е  трета по ред расправа од серијата научни расправи за хармонизација на македонското право со правото на Европската унија,

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk