Средба Маневски- претседатели на Основните судови - Скопје 1, Тетово, Гостивар и Куманово  
     
 

18.06.2008

 
 

Во врска со спроведените предвремени парламентарни избори и пројавените нерегуларности министерот за  правда  Михајло Маневски   на денешната средба со претседателите на Основните судови  се заложи за стриктно почитување на законските норми и ажурирање на постапките кои се однесуваат на спречување на изборите и гласањето и прекршување на избирачкото право на граѓаните.

 

Тргнувајќи од одредбите на Законот за кривична постапка  и Изборниот законик  за спроведување на фер и демократски избори, неопходно е што поефикасно и поитно спроведување на постапките и изведување пред суд на лицата за кои во текот на изборниот процес ќе се докаже дека тие дела ги сториле истакна министерот Маневски.

Министерот Маневски  ги потсети претседателите на основните судови во чија месна надлежност се случија овие инциденти дека разрешувањето на овие случаи е од приоритетна важност за иднината на земјата.

На  состанокот беа соопштени податоци во врска со пријавени кривични дела против изборите и гласањето, бројот на оформени  предмети за овие дела во судовите, бројот на лица против кои е поведена постапка, за кои кривични дела, против колку лица е определена мерка притвор, како и податоци за текот на постапката.

 

Во таа смисла беа презентирани следниве податоци:

·         Оформени  се 22 предмети за кривични дела против изборите и гласањето.

·         Осомничени  се 98 лица.

·         Мерка притвор определена е за 81 лице, од кои 24 лица се наоѓаат во притвор, а 57 лица се во бегство.

·         Изречени се  8 алтернативни мерки.

·         За 9 лица осомничени за истите дела не е определена мерка притвор.

·         Поднесени се  3 кривични пријави против непознат сторител.

 

 

Министерот Маневски уште еднаш потсети   дека  Република Македонија   во овој период е под засилен мониторинг на меѓународната заедница  која будно го следи процесот на санкционирање на сторителите на овие кривични дела, при што нагласи дека  треба да им се даде приоритет на овие постапки без разлика на почетокот на судската ферија. Од исходот на овие судски постапки додаде Маневски  ќе зависи исполнувањето на условите за Евроинтеграција на земјата и дека ниту еден прекшител на изборниот процес не смее да ја избегне правдата.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk