Средба Михајло Маневски-холандски амбасадор г.ѓа Симоне Филипини  
     
 

26.06.2008

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски денеска се сретна со г.ѓа Симоне Филипини, амбасадор на  Кралството Холандија во Република Македонија.

На средбата на која присуствуваше  и г. Ерик Винцкен претставник од Центарот за интернационална соработка во Холандија се разговараше за реформите во судството и  подобрување на капацитетите  и условите за имплементација на стандардите во судството и затворските установи.

Министерот Маневски ги запозна присутните со реализација на планот за реновирање на судовите со проширена надлежност и изградба на нови згради кој ќе стартува наредниот месец.

Донесени се 58 нови закони кои се доставени до Собранието на РМ, создадовме основа а сега очекуваме резултати рече министерот Маневски.

Амбасадорката  г.ѓа Филипини  изрази надеж дека соработката и натаму ќе продолжи и  министерството за правда ќе добие  потполна поддршка во натамошните рефоми во правосудната област.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk