Работна посета на министерот за правда Михајло Маневски на Основните судови во Прилеп и Битола  
     
 

26.06.2008

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски денеска имаше средба  со судиите во  Основните судови во Прилеп и Битола.

Со  законите кои се донесени минатата година се заокружи правната рамка .Сега влегуваме во клучната фаза на судските реформи, фаза кога е потребна примена  на законите.Реформи кои ги спроведуваме  значат гарант на заштитата на правата  и слободите на граѓаните истакна министерот Маневски.

Вие најдобро го познавате судскиот систем - Нема нерешлив предмет ,основно е дали постои воља тој предмет да се реши- им се обрати  министерот Маневски на судиите .Статистичките податоци  кои ги добивам се фрапантни , -2 ,500 предмети кои се заостаток од минатиот век и за нив не е потребен посебен коментар рече Маневски

Никој не смее да се меша во независноста и самостојноста на судството,судијата е господар во судницата ,но никој не им дава право на судиите да се однесуваат комотно и да бидат неажурни и неефикасни-рече Маневски.

Министерството за правда работи на поставување на нормативната основа на правосудните реформи,донесени се бројни закони, кои значат усогласување со меѓународните конвенции.Во наредниот период менаџирањето со судските средства ќе се врши преку Судскиот совет , со што ќе се настојува судовите да ги добијат потребните средства.

На судството треба да му се врати довербата меѓу граѓаните нагласи Маневски.

Министерот Маневски повика на стриктно почитување на законските одредби кои се однесуваат на полов напад на дете, детска порнографија, трговија со луѓе, криумчарење на мигранти, шумска кражба и други дела за кои треба да се изрекувааат поригорозни мерки .

Не може граѓаните да бидат заложници на одредени криминалци за кои од социјални или некои други причини им се изрекуваат олеснителни околности.Од друга страна пак не може да се толериа однесување на судија кој  бескрајно го оддолжува судењето  и постапките траат со години.

До крајот на 2009 година мора сите судови да бидат  целосно ажурни и ефикасни.Министерството за правда прави нормативни зафати со кои судовите ќе се растеретат од неспорните предмети, а во исто време од јули веќе се започнува со реализација на планот за реконструкција и адаптација на просторните услови за работа на повеќе судови во дравава.

          Следната средба  да ја оствариме во нови простории и со нова слика за работа на судството –порача министерот за правда Михајло Маневски.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk