Седница на Комисијата за ажурирање на Избирачкиот список  
     
 

23.01.2006

 
 

Во Министерството за правда денеска прв состанок одржа Комисијата за ажурирање на избирачкиот список на кој покрај претставници на Министерството требаше да присуствуваат и претставници на поканетите политички партии, ВМРО-Народна, ЛДП, СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и ДПА:

На состанокот министерот за правда, Мери Младеновска-Ѓорѓиевска ги информира претставниците на политичките партии за активностите за ажурирање на избирачкиот список коишто Министерството ги има направено во изминатиов период.

Покрај редовните активности за ажурирање, спроведена е и проверка од врата до врата на лицата кои имаат над 85, односно над 80 години. Предвидено е во наредниот период да се изврши проверка од врата до врата и на лицата со старост над 75 години.

Договорено е до Четврток, 26-01-2006 година, претставниците на партиите да достават предлози за начинот и методологијата за да се утврди и потребната динамика за работа на Комисијата

На состанокот не присуствуваа претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДПА.

Во Министерството за правда се оценува дека ваквиот неконструктивен однос на ВМРО-ДПМНЕ или било која друга политичка партија која одбива да учествува во ваков важен процес не оди во полза на транспарентноста.

На состанокот присуствуваа: Благица Новковска од ВМРО-Народна, Марија Сарџовска од СДСМ, Илија Чилиманов од ЛДП и Субхи Јакупи од ДУИ.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk